ВАЖНА НАПОМЕНА! Ве известуваме дека поради дефект на системот во периодот од датум 25.12.2020 до 30.12.2020 постои можност за постоење на технички проблеми поврзани со вашите предмети и документација. За таа цел Ве молиме да извршите проверка на податоците што сте ги прикачиле во последните 7 дена, а во случај податокот (документ/барање) да не е видлив, а по предметот со оглед на роковите сеуште имате можност да постапите и да внесете податок и да прикачите документ Ве молиме обидете се да го прикачите/поднесете повторно. При тоа Ве молиме задолжително да извршите промена на називот на документот со додавање на најмалку еден нов карактер во името за системот да го смета за документ со различно име. На пример, документ со назив “Izvod.pdf” би требало да се преименува во “izvod1.pdf”. Во случај предметот или документот да бил поврзан со рокови и немате техничка можност за прикачување/поднесување на истиот повторно, Ве молиме веднаш и без одлагање да се обратите до ЗЕЛС за техничка поддршка заради техничко отстранување на проблемот Се извинуваме поради настанатите проблеми кои беа од хардверска природа. Со почит, ЗЕЛС
Овој систем овозможува ефикасен, транспарентен и унифициран начин на постапување на сите надлежни органи и субјекти по најсовремени стандарди, во најкраток можен рок а врз основа на Вашето поднесено барање.
Преку овој систем можете да поднесете:
1. Барање за издавање на одобрение за градење, доградба и надградба;
2. Барање за измени во текот на изградбата;
3. Барање за промена на инвеститор;
4. Барање за издавање на одобрение за употреба на градба;
5. Барање за издавање на одобрение за реконструкција;
6. Барање за издавање на одобрение за пренамена;
7. Барање за издавање на одобрение за адаптација
8. Барање за одобрение за подготвителни работи;
9. Барање за одобрување на идеен проект;
10. Барање за издавање на решение за изведување на градби за кои не е потребно одобрение за градење.
Информацискиот систем овозможува водење на постапките во сите нејзини фази единствено по електронски пат, започнувајќи од електронско поднесување и потпишување на потребната документација од страна на инвеститорот, електронска подготовка и донесување на актите во постапката, електронско известување и обезбедување на потребни податоци и документација од останати вклучени субјекти и електронско издавање на актите во постапката.
За секоја фаза во која се наоѓа Вашиот предмет, ќе бидете едновремено известени преку автоматски и независен систем на достава на електронска пошта и известување испратено преку автоматскиот сервис за кратки пораки (SMS).
Ви благодариме за довербата,
ЗЕЛС,
Министерство за транспорт и врски
НАПОМЕНА: За да можете да постапувате во системот и електронски да ги потпишувате Вашите поднесоци и фази на постапување, Ве молиме да инсталирате и користите JAVA верзија 8 update 131. Истата можете да ја преземете доколку кликнете ТУКА и истата да ја инсталирате!