ЗЕЛС Министерство за транспорт и врски

НАПОМЕНА

Во периодот од 28.02.2019 година 22.00 часот до 03.03.2019 година се планира редовно оддржување и мигирање на информацискиот систем, Ве молиме да ја земете во предвид оваа информација со цел правилно да ги испланирате постапките поврзани со законски рокови во информацискиот систем.

Добредојдовте на ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ.

Овој систем овозможува ефикасен, транспарентен и унифициран начин на постапување на сите надлежни органи и субјекти по најсовремени стандарди, во најкраток можен рок а врз основа на Вашето поднесено барање.

Преку овој систем можете да поднесете:
1. Барање за издавање на одобрение за градење, доградба и надградба;
2. Барање за измени во текот на изградбата;
3. Барање за промена на инвеститор;
4. Барање за издавање на одобрение за употреба на градба;
5. Барање за издавање на одобрение за реконструкција;
6. Барање за издавање на одобрение за пренамена;
7. Барање за издавање на одобрение за адаптација
8. Барање за одобрение за подготвителни работи;
9. Барање за одобрување на идеен проект;
10. Барање за издавање на решение за изведување на градби за кои не е потребно одобрение за градење.

Информацискиот систем овозможува водење на постапките во сите нејзини фази единствено по електронски пат, започнувајќи од електронско поднесување и потпишување на потребната документација од страна на инвеститорот, електронска подготовка и донесување на актите во постапката, електронско известување и обезбедување на потребни податоци и документација од останати вклучени субјекти и електронско издавање на актите во постапката.

За секоја фаза во која се наоѓа Вашиот предмет, ќе бидете едновремено известени преку автоматски и независен систем на достава на електронска пошта и известување испратено преку автоматскиот сервис за кратки пораки (SMS).

Ви благодариме за довербата,

ЗЕЛС,

Министерство за транспорт и врски

Законски акти и упатства

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ НАЧИН (PDF, 245KB) Е-ДОЗВОЛИ УПАТСТВО ЗА ПОДНОСИТЕЛИ (PDF, 1.2MB) Е-ДОЗВОЛИ УПАТСТВО ЗА ПОДНОСИТЕЛИ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК (PDF, 1.4MB) Е-ДОЗВОЛИ УПАТСТВО ЗА ИНСТИТУЦИИ (PDF, 820KB) ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СОДРЖИНАТА НА ПРОЕКТИТЕ, ОЗНАЧУВАЊЕТО НА ПРОЕКТОТ, НАЧИНОТ НА ЗАВЕРКА НА ПРОЕКТОТ ОД СТРАНА НА ОДГОВОРНИТЕ ЛИЦА И НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЗАПИСИ (PDF, 76KB) ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СОДРЖИНАТА НА ПРОЕКТИТЕ, ОЗНАЧУВАЊЕТО НА ПРОЕКТОТ, НАЧИНОТ НА ЗAВЕРКА НА ПРОЕКТОТ ОД СТРАНА НА ОДГОВОРНИТЕ ЛИЦА И НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЗАПИСИ (PDF, 69KB) ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА НА ПРОЕКТИТЕ, ОЗНАЧУВАЊЕТО НА ПРОЕКТОТ, НАЧИНОТ НА ЗАВЕРКА НА ПРОЕКТОТ ОД СТРАНА НА ОДГОВОРНИТЕ ЛИЦА И НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЗАПИСИ (PDF, 141KB) ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ НАЧИН.pdf (PDF, 67KB) ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ОД СТРАНА НА ВТОРОСТЕПЕНИОТ ОРГАН.pdf (PDF, 84KB) ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ИДЕЕН ПРОЕКТ, ЗА ИЗМЕНИ ВО ТЕКОТ НА ИЗГРАДБАТА.pdf (PDF, 108KB)